Телефон: 389 31 475 999
УЛ.2 бр.1 населба Карпош
Куманово

Hotel Satelit

Кокино


Kokino

Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа на неовулкански рид, познат како Татиќев Камен, со надморска височина од 1013 метри, кој се издига над селото Кокино. До самото негово подножје води асвалтен пат кој ги спојува селата Драгоманце и Арбанашко, денес и двете во општината Старо Нагоричане. Локалитетот се истражува од 2001 година и спаѓа во еден од најбогатите локалитети со археолошки материјал од праисторискиот период во Република Македонија ( од 19-ти до 7 век пред н.е. )

Најновите археолошки истражувања потврдија дека локалитетот се користел како света планина каде праисториските жители на тој простор изведувале повеќе планински култови од кои најголемиот дел биле посветени на Големата Богинка - Мајка ( Great Mother Goddess), главно праисториско божество. Најголемиот дел од археолошкиот материјал потекнува од т.н. рано бронзено време ( 19 -ти до 17-ти век пред н.е.) и доцното бронзено време ( 14-ти до 11-ти век пред н.е. )

Археоастрономските анализи покажаа дека локалитетот бил користен и како археоастрономска обсерваторија каде се означувани, со специјално изработени (во карпите) маркери, карактеристичните позиции на сонцето ( летната долгодневица , пролетната и есенската рамнодневица и зимската краткодневица, како и карактеристичните позиции на месечината во лето и во зима). Во 2005 година по повод денот посветен на старите опсерватории во светот, Американската влселенска агенција (NASA) изготви листа од 15 стари опсерватории во светот во која Мегалитската обсерваторија Кокино е рангирана на четврто место.