Куманово
Куманово првпат се споменува во 1519 година во еден турски пописен дефтер, како селска населба во состав на нахијата Нагорич, во Ќустендилскиот санџак, со 52 семејства и вкупно околу 300 жители. За првпат како градска населба- касаба, Куманово фигурира во еден катастраски попис од втората половина на 16 или почетокот на 17 век, кога станува центар на кумановската нахија. Познатиот патеписец Евлија Челебија го посетува градот во 1660 година при што споменува дека брои околу 600 куќи.
Французимнот Ами Буе, доктор по мрдицински науки го посетува Куманово во 1835 година забележувајќи дека градот има околу 3.000 жители. Во втората половина на 19 век Куманово доживува подем, кога од турска касаба прераснува во административен и економски центар. Се создава чаршија и еснафско-чаршиски слој (граѓанска класа), а благодарејќи на поволната географска положба станува значаен трговски центар. Кон крајот на 19 век Куманово брои околу 15.000 жители.
Во првите години на 20 век и во периодот меѓу двете светски војни. населението во Куманово се занимавало, главно со земјоделство, занаетчиство и ситна трговија. Тогаш се појавуваат и првите зачетоци на индустријата како: мелници за брашно, шарлагаџилница, работилница за производство на сапун, Монополот, работилници за производство на тули и ќерамиди, столарска работилница, три моторни влачари, Печатница и др. Куманово даде значаен придонес во победоносната НОБ, како составен дел на антифашистичката коалиција во светот.
По Втората светска војна Куманово доживува интензивен стопански и културен развој. Денес, тоа е град со над 100.000 жители, повеќе производствени капацитети и значајна мрежа на културно-просветни институции.