Телефон: 389 31 475 999
УЛ.2 бр.1 населба Карпош
Куманово

Hotel Satelit

Црква Св. Никола


Црквата Св.Никола е изградена 1851/52 година на местото каде се наоѓала помала истоимена црква. Нејзиниот градител бил протомајсторот Андреја Дамјанов (1813-1878 г.), по потекло од мијачкиот род Рензовци, роден во Велешкото село папрадиште. Во својот плоден градителски век градел цркви во Македонија, Бугарија, Србија, Војводина и Босна.

Sveti Nikola

Црквата е трикорадна монументална градба од т.н. "базиликален" тип, карактеристичен за сакралните објекти на балканот од 19-ти век. Градена е од камен и тули. Од северната страна има трем со колонади. Централниот кораб е надвишен со четири слепи куполи. Над северниот, западниот и јужниот дел на црквата се простира галерија каде е сместена збирка од икони. Над западниот крак на галеријата се простира уште една галерија, но со помали димензии.

Најстариот фрескоживопис е изведен само во слепите куполи на централниот кораб и потекнува, веројатно од шестата деценија на 19-ти век. Авторот е, веројатно, зографот Дичо од селото Тресонче со некои соработници. Денешните слики на северниот и јужниот ѕид се од понов период (1969-1972 г.). Иконостасот е репрезентативен и има три реда икони, царски двери во резба и Чесен крст со распетие. На него се наредени икони изработени во различно верме и од различни зографи. Најраните се од 1855 г. од зографот Хаџи-Костадин од Велес, од Дичо Зограф (1856/57 г.), од зографите Вено и Зфир (од 1868/69 г. и 1873 г.) и од Д.А.Папрадишки (1908 г.).

Од црковниот мебел (изработен во 19 век) останал валдичкиот престол во резба од 1892 г. и амвонот поставен на еден од столбовите на северната колонада (веројатно од истите години). Најстарите икони во галеријата на икони потекнуваат од стариот иконостас на црквата во Карпинскиот манастир. Најбројни се иконите на познатиот мијачки зограф Димитар Крстевич - Дичо од село Тресонче.