Телефон: 389 31 475 999
УЛ.2 бр.1 населба Карпош
Куманово

Hotel Satelit

Зебрњак


Sебрњак

Споменикот Зебрњак се наоѓа на едно возвишено место во атарот на с. Младо Нагоричане, оддалечен околу 6 км. од Куманово, десно од магистралниот пат Куманово - Крива Паланка.

Изграден е во 1937 година, по повод 25 години од Кумановската битка од 23 и 24 октомври 1912 година (Прва балканска војна), помеѓу Турската вардарска армија и Првата српска армија. Во оваа битка турската војска е победена и била принудена да се повлекува.

Денеска од споменикот е сочуван само долниот дел - торусот со коските од паднатите жртви во битката. Недостасува тристраната пирамидална кула со која споменикот бил висок 48,5 метри. Уништен е во есента 1942 година од страна на бугарскиот окупатор. По својата споменична архитектура, Зебрњак бил единствен од ваков вид на Балканот. Бил изработен од гранитни коцки, според проектот на архитектот Момир П. Коруновиќ, а фреските во внатрешноста биле од сликарот Живорад Настасијевиќ, на кои биле претставени слики од секојдневниот живот со фигури во српска народна носија.